ФАН ЗАГИНАЛ НА КОНЦЕРТ НА ОЕЈСИС ВО ЛОНДОН Паднал од височина на стадионот Вембли пред очите на илјадници луѓе

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил пред голем број сведоци, а некои можеби го снимиле со мобилен телефон, свесно или не. Медицинските екипи, полицијата и Итната помош се обиделе да го спасат мажот, но тој за жал го загубил својот живот.

727

Маж на возраст од околу 40 години починал откако паднал за време на концерт на Оејсис на стадионот Вембли во Лондон, соопшти полицијата во неделата, објави Си-Би-Ес њуз.

Браќата Лијам и Ноел Галегер, кои годинава го обединија култниот бритпоп бенд за спектакуларна светска турнеја, изјавиле дека се „шокирани и тажни“ поради смртта на обожавателот на саботниот вечерен концерт.






Портпарол на Лондонската метрополитенска полиција соопшти дека полицајци и медицински екипи биле повикани по 22 часот поради „извештај дека едно лице било повредено“ на преполниот стадион.

– Маж, на возраст од околу 40 години, бил пронајден со повреди што одговараат на пад. За жал, бил прогласен за мртов на самото место – изјави портпаролот, повикувајќи ги сведоците да се јават.

„Нашите мисли се со неговото семејство“, се наведува во соопштението од стадионот Вембли, со додавање дека „вечерашниот концерт на Оејсис ќе се одржи како што е планирано“.

„Голем број луѓе го сведочеле инцидентот и го снимиле“

Полицијата соопшти дека стадионот бил полн и дека „веројатно голем број луѓе биле сведоци на инцидентот или можеби свесно или несвесно го снимиле со мобилен телефон“.

Во соопштението на Вембли се наведува дека медицински тим, полиција и Лондонската служба за итна помош се обиделе да го спасат мажот.

„И покрај нивните напори, обожавателот за жал почина. Нашите мисли се со неговото семејство, кое е информирано и добива поддршка од специјално обучени полициски службеници“, се наведува во соопштението на стадионот.

Последен настап на Оејсис во Лондон во рамките на 41-годишната турнеја

Неделниот концерт беше последниот настап на Оејсис во Лондон од рамките на нивната 41-концертна турнеја за повторно обединување, по 16 години оддалеченост меѓу прочуените, честопати конфликтни, браќа Галегер.

Турнејата досега има продадено околу 900.000 билети, а групата продолжува во Единбург пред меѓународниот дел кој ги носи во САД, Јапонија, Австралија и во Бразил.

Следниот настап им е во Единбург со 3 концерти на 8, 9 и 12 август, потоа продолжуваат во Ирска, Канада, САД и Мексико, пред да се вратат повторно на Вембли на 27 и 28 септември.

Поврзани содржини