Фалсификувани тестови за ковид-19 и неупотребливи маски на пазарот, предупреди Европол

Европол наведува дека такви измами ќе има и откако ќе биде пронајдена вакцина против новиот коронавирус. – Тоа сигурно ќе предизвика бран на понуди од лажни вакцини, се наведува во документот на Европол.

465

Европол во интерен полициски документ ги предпредува земјите-членки дека на пазарот се појавени лажни, неупотребливи средства за заштита од новиот коронавирус.

Во документот, кој го објави германскиот весник „Шпигел“ се наведува дека криминалци им нудат на државните институции и болници фалсификувани тестови за Ковид-19, целосно несигурни и неупотребливи заштитни маски и дезинфекциски средства.






Според весникот, германските власти веќе регистрирале пораст на кривични дела од такви измами.

Европол наведува дека такви измами ќе има и откако ќе биде пронајдена вакцина против новиот коронавирус.

– Тоа сигурно ќе предизвика бран на понуди од лажни вакцини, се наведува во документот на Европол.

Поврзани содржини