ФАЛСИФИКУВАНИ АВТОМОБИЛИ ВО ОХРИД Во три сервиси одземени шест возила

Во Одделот за форензички испитувања извршено е вештачење и по документирање на случаите од страна на СВР Охрид до ОЈО Охрид ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

460

Во полициска акција во Охрид, во три сервиси за коли одземени се шест возила поради сомнение за фалсификат.

„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал и СВР Охрид одзедоа шест возила поради сомнение за фалсификат. По добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен суд Охрид, извршени се претреси на 19.10.2023 во три сервиси за коли на подрачје на СВР Охрид и при тоа се одземени шест возила, а извршени се и службени разговори со повеќе лица. Извршено е вештачење од страна на Одделот за форензички испитувања и по документирање на случаите од страна на СВР Охрид до ОЈО Охрид ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“ – стои во известувањето од МВР.

Поврзани содржини