ФАЛСИФИКУВАН ПОТПИСОТ НА ЗОРАН СТАВРЕСКИ Документот што го објави СДСМ има дата од декември 2024 година
Уште еден доказ за фалсификатот. А ако најдам на нет потписи и од сите други ќе се докаже истото. #УДБАвашаСудба, објави на Фејсбук Богдан Илиевски.
Од СДСМ денеска испратија соопштение во кое велат дека бил подготвен „оперативен план од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести.“
„Документите на СДС се целосно измислени, следува тужба за клевета, очајнички лажат и манипулираат“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
Треба да се напомене дека во идејата да пласираат лажна вест по секоја цена, СДСМ заборавиле да погледнат на датумот, па така документот кој го пласираат како вистинит, иако е лажен, е создаден на ден кој уште не е дојден.
Така, според оваа објава на СДСМ, анкетите кои се пласираат денес, ќе бидат испланирани да се направат кон крајот на оваа година, кога изборите веќе одамна ќе бидат завршени.
СДСМ објави наводни документи за седница на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ со дата 05.12.2024 година.
Во тие документи се спомнува лице кое воопшто не постои. Станува збор за Ивица Грамбозов. Со прогрешни презимиња се запишани Луке Галески и Зоран Ставрески.
Од ВМРО-ДПМНЕ најостро и изрично ги демантираат информациите кои ги пласира СДСМ.
„Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДСМ е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста. Сметаме дека изворот на ваквите информации се од кујната на СДСМ кои очајнички прибегнуваат кон дезинформации, фалсификуваат документи соочени со претстојниот пораз. На времето правеа бугарски летоци, сега измислуваат документи. За парите дадени на Асаф Исеин можеле да бидат барем малку покреативни во измислувањето“, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.