ФАЛСИФИКУВАЛ ДОКУМЕНТ ЗА ДА ПРОДАДЕ ПЛАЦ НА ВОДНО Италијанската амбасада известила дека документот, со потпис на амбасадорот и со нејзин печат, е „незаконски изработен“

Порталот НетПрес открива скандал без преседан – македонски градежник фалисфикувал овластување за да го продаде плацот каде што е резиденцијата на италијанскиот амбасадор.

1,808

Македонски бизнисмен, кој се занимава со градежништво, со незаконски изработен документ и со печат на странска амбасада во Скопје, сакал да врши продажба на луксузен имот на Водно, кој го користи странско дипломатското претставништво, дознава ексклузивно НетПрес.






Според документите до кои дојде НетПрес, лицето Александар Ивановски, со незаконски изработен документ со потпис и со печат на Италијанската амбасада во Скопје, на 7 август годинава, наводно добил овластување да продаде плац и објект во скопско Водно, каде што се наоѓа резиденцијата на италијанскиот амбасадор во Македонија.

Италијанската амбасада успеала да го добие овој фалсификуван документ и на 5 декември годинава упатила вербална нота до Македонското министерство за надворешни работи и надворешна трговија. Во дипломатската нота, амбасадата на Италија информира дека „овој документ е незаконски изработен“.

Поврзани содржини