ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ ВО АФРИКА Згрешени биле проценките, а богатите земји сега не даваат

Ќе бидат потребни двојно повеќе вакцини за да се вакцинираат 40 отсто од населението. Недостигот на вакцини се случува во време кога Африка ја надмина границата од осум милиони заразени оваа недела, посочува СЗО.

310

Ќе ѝ недостигаат 500 милиони дози на цела Африка заради грешка во проценките на Ковакс-механизмот, а сега ќе биде тешко да се убедат богатите земји да пратат уште дози, јавува МИА. Со сегашните дози ќе може да се вакцинира само 17 отсто од населението на континентот, што е поразително малку со глобалната цел да се вакцинира барем 40 отсто од населението во цел свет.

Со оглед на тој дефицит, 470 милиони дози вакцини што се очекуваат (да пристигнат) на континентот ќе овозможат само 17 проценти од населението да се вакцинира, процени регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка на неделната прес – конференција.






„Ќе бидат потребни двојно повеќе вакцини за да се вакцинираат 40 отсто од населението. Недостигот на вакцини се случува во време кога Африка ја надмина границата од осум милиони заразени оваа недела“, посочува СЗО.

Матшидисо Моети, директорка за Африка при СЗО, изрази жалење што богатите земји работат на „потиснување на Ковакс-механизмот од пазарот“, оставајќи го системот без доволна количина дози.

– Големите нееднаквости во пристапот до вакцини нема брзо да се ублажат – рече таа.

Во текот на септември, Африка требаше да прими околу 95 милиони дози преку Ковакс, но и покрај продолжувањето на испораките, Африка успеа да вакцинира само 50 милиони луѓе или 3,6 отсто од нејзиното население.

Поврзани содржини