ФАКУЛТЕТОТ ХАЈДЕЛБЕРГ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА МАКЕДОНСКО-ГЕРМАНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА Ќе се дискутира за иднината на контролингот

42

Научници, експерти, практичари, креатори на политики од регионот и пошироко и професионалци од финансискиот сектор ќе се соберат на едно место за да дебатираат за актуелните случувања и иновативни истражувања во областа на контролингот, на шестата македонско-германска конференција што ќе се одржи на 4 ноември 2025 година на Хајделберг Факултет во Скопје.

Темата на конференцијата, призната како водечки професионален и академски форум, е насловена „Нови техники и концепти за понатамошен развој на перформансите во контролата и во областа на финансиските директори“.






Конференцијата ќе ја отворат проф. д-р Синиша Наумоски, генерален директор на Хајделберг Факултет во Скопјe и проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Бордот на директори на Хајделберг.

Воведен збор на оваа престижна конференција ќе има д-р Маркус Бренер, раководител на Автоматизација на процеси/претпријатија и управување со податоци од германската консултантска компанија Хорват. Панел дискусијата ќе ја отвори проф. д-р Роналд Глајх, директор на Центарот за управување со перформанси и контрола од Франкфуртската школа за финансии и менаџмент и член на Управниот одбор на Факултетот Хајделберг во Скопјe.

На конференцијата, на која ќе има две предавања и две панел дискусии ќе се говори за новите стандарди во контролингот, искористувањето на потенцијалот на дигитализацијата и вештачката интелигенција преку поедноставување на процесите во CFO-сегментот, како и за помошта при употребата на вештачката интелигенција во процесите на планирање и донесувањето одлуки на финансискиот директор.

Настанот претставува исклучителна можност за длабински дијалог, вмрежување и колаборативно истражување, а сите заинтересирани можат да се пријават за учество на овој линк.

 

 

 

Поврзани содржини