ФАКТУРАТА ПРЕСРЕТНАТА И ФАЛСИФИКУВАНА? Велешка фирма оштетена за повеќе од 21.000 евра

Парите биле пренасочени кон друга сметка, а не кон таа на која е извршена уплатата.

374

Во СВР Велес 60-годишна велешанка синоќа пријавила дека фирмата каде што работи била оштетена за 21.111 евра, информира МВР во дневниот билтен.

Имено, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на друга сметка, се вели во информацијата од МВР.

Поврзани содржини