„Фактор“: Исламската верска заедница добила субвенции за 140 вработени

556

Исламската верска заедница (ИВЗ) добила поддршка за плати за 140 вработени, објави порталот „Фактор“. ИВЗ добила по два милиони денари помош во мај, јуни, јули, декември и во јануари годинава.

„Исламската верска заедница како правен субјект со 174 вработени, поднела барање за финансиска поддршка за 140 вработени и ги исполнила условите за добивање на поддршката“, потврдиле од Владата за „Фактор“.






Верската организација е меѓу првите 40-тина баратели на државна помош според висината на исплатата која ја добиваат од државата.

 

Поврзани содржини