ФАДИЉ ЗЕНДЕЛИ ИМА СВОЈ УСЛОВ Пратеникот од БЕСА ќе поднесе оставка ако СДСМ и ДУИ гласаат во уставот да пишува албански јазик

Како пратеник поднесувам оставка, доколку ДУИ и СДСМ гласаат за отстранување на 20% и во уставот пишува албански јазик - напиша пратеникот од БЕСА на Фејсбук.

2,633

Единствениот пратеник од БЕСА, Фадиљ Зендели, се јави со статус на Фејсбук на темата што е актуелна денеска – оставките на министрите и функционерите од ДУИ што ќе стапат на сила кога опозицијата ќе гласа за уставните измени.

Откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, попладнево упати писмо до премиерот Димитар Ковачевски и го објави на неговата официјална страница на Фејсбук, со статус се јави и Зендели.






„Како пратеник поднесувам оставка, доколку ДУИ и СДСМ гласаат за отстранување на 20% и во уставот пишува албански јазик“, напиша пратеникот од БЕСА.

Поврзани содржини