ФАБРИКАТА ЗА СТИРОПОР „ЕКОПОР“ ИЗЛЕА ХЕМИКАЛИЈА ВО ПИНТИЈА Казна од 45.000 евра и затварање на погонот бара Градот Скопје
Во населбата Пинтија во Кисела Вода денеска од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место се излеале хемикалии користени во производствениот процес, соопшти Градот.
Град Скопје се огласи по тешкиот еколошки инцидент во Кисела Вода, кога црно масло се излеа од атмосферската канализација на булевар.
Во населбата Пинтија во Кисела Вода денеска од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место се излеале хемикалии користени во производствениот процес, соопшти Градот.
„На лице место се екипи на Територијалната противпожарна служба, со цел изолирање на инцидентот, како и инспекторите од Град Скопје, кои составија записник за хаваријата. За ваков тип на хаварија покрај паричната казна за сторителот од 45.000 евра, следи и затворање на погонот, како и налог за санирање на штетите предизвикани од инцидентот. Со инспекциски извештај за извршен технички преглед на опрема под притисок со заклучок е нотирано дека на вентилот има знаци на протекување, а правното лице Екопор не превземало мерки да го спречи настанувањето на хаваријата на која сме сведоци денес“, информираше Град Скопје.
За овој објект, кој е под надлежност на Општина Кисела Вода апелираме до општината да постапи во рамки на своите надлежности, како и ресорното Министерство, со цел санкционирање на правното лице кое ја предизвика хаваријата, се додава во соопштението од Град Скопје.
Плусинфо денеска објави дека црно масло од непознато потекло е излеано на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода и тоа од атмосферската канализација. Според очевидците, возилата го разнеле по асфалтот, кој станал лизгав и опасен.
„Денеска околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеватор Борис Трајковски во близина населбата Пинтија истекува непозната црна течност од атмосферската канализација и истата се излева по булеварот. Полициски службеници од СВР Скопје се излезени на лице место. Сообраќајот се пренасочува и се преземаат мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот“, одговори полицијата на прашање на Плусинфо.