📽 ФАБРИКА ВО ГОСТИВАР ПРОДАВАЛА КАНАБИС НА ЦРНИОТ ПАЗАР Полицијата ги уапси газдата и вработен

По комплетирање на целокупната документација, денеска од страна на ОВР Гостивар ќе им биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-в од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

702

Полицијата лиши од слобода сопственик и вработен на фабрика за канабис во Гостивар за која постои сомнение дека тргувала со своите производи на нелегалниот пазар, информираше Министерството за внатрешни работи. Во две хали во објектот бил сушен канабис, а во една од нив полицијата пронашла 9 пластични буриња исполнети со готов производ – сув цвет од канабис.

Вонредната контрола била извршена по наредба на Основниот суд Гостивар.






„Претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А.К. и вработениот Џ.И.(39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во с.Горно Седларце, тетовско и притоа биле утврдени низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар“, соопшти МВР.

Пронајдените растенија и сувиот цвет биле предадени во Агенцијата за управување со одземен имот, се вели во текстот. По комплетирање на целокупната документација, денеска од страна на ОВР Гостивар ќе им биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-в од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар“, додава МВР.

„По комплетирање на целокупната документација, денеска од страна на ОВР Гостивар ќе им биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-в од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар“, додава МВР.

Според соопштението, фабриката поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели и е  сопственост на А.К.(52) од Република Албанија и на А.Р. од Босна и Херцеговина.

Поврзани содржини