„Фајзер“ потврди! Првите дози во Македонија пристигнуваат во февруари

Следните дози од вакцината на „Фајзер“ ќе пристигнат во март и април, велат од министерството за здравствто.

1,059

Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на „Фајзер“ вакцината. Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на „Фајзер“ ќе пристигнат во март и април, велат од министерството за здравствто.

– Продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата – стои во соопштението.






Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.

Поврзани содржини