ФАЈЗЕР НАПРАВИ СВОЈА АНТИ-КОВИД ПИЛУЛА „Paxlovid“ е 89 отсто ефективен кај постарите

Лекот на Фајзер, познат како инхибитор на протеаза, е дизајниран да го блокира ензимот што му е потребен на коронавирусот за да се размножи. Велика Британија веќе нарача 250.000 апчиња. Ова е второ апче против ковид-19 во светот, по Молнупиравир на Мерк, кој работи на друг начин: тој внесува грешки во генетскиот код на коронавирусот.

555

Компанијата Фајзер направи свое апче против коронавирусот, а бидејќи било 89 отсто ефективно кај возрасните и ранливи лица, веќе е одобрено од Велика Британија, пишува Би-Би-Си. Но, првите 250.000 апчиња „Paxlovid“ не се единствениот лек против корона во земјата: лекот Молнупиравир на компанијата Мерк веќе била нарачан во 480.000 примероци.

Што е разликата меѓу Paxlovid и Молнупиравир? Лекот на Фајзер, познат како инхибитор на протеаза, е дизајниран да го блокира ензимот што му е потребен на коронавирусот за да се размножи. За разлика од него, Молнупиравир работи со тоа што внесува грешки во генетскиот код на вирусот. И двете апчиња се ефективни во намалување на смртноста и хоспитализацијата од ковид-19, односно штитат од тежок и долг ковид.






фото: Твитер/принтскрин  Апчињата Молнупиравир

Од Фајзер велат дека ги прекинале пробните испитувања на лекот порано бидејќи првичните резултати биле толку позитивни. Компанијата ќе ги достави резултатите до американската агенција за лекови ФДА, како дел од иницијативата за итна употреба што компанијата ја започна минатиот месец.

Поврзани содржини