„Фајзер“ изработува нова вакцина против ковид-19 – еве по што ќе се разликува од првата

На настанот кој вчера го приредила Меѓународната федерација на фармацевтски произведувачи и здруженија, извршниот директор на компанијата „Фајзер", Алберт Бурлас, открил дека во тек е работа на вакцина која нема да мора да се чува на вака екстремно ниски температури.

746

Додека целиот свет чека одобрување за првата вакцина против коронавирусот, компанијата „Фајзер“ веќе посветено работи на втора вакцина. Како што објавија од компанијата, овојпат се обидуваат да изработат вакцина која ќе може да се чува во обичен фрижидер, додека, пак, првата вакцина мора да се чува на температура од -70 степени Целзиусови и тоа бара многу труд и пари.

На настанот кој вчера го приредила Меѓународната федерација на фармацевтски произведувачи и здруженија, извршниот директор на компанијата „Фајзер”, Алберт Бурлас, открил дека во тек е работа на вакцина која нема да мора да се чува на вака екстремно ниски температури.






– Работиме на нова композиција која ќе може да избегне чување на -70 степени и ќе може да се чува во обичен фрижидер – изјавил Бурлас.

Поврзани содржини