ФАЈЗЕР И МОДЕРНА СЕ НАЈЕФИКАСНИ ВАКЦИНИ ЗА БУСТЕР ДОЗА Штитат до 93 отсто и кај старите и кај младите
Кај луѓето кои зеле трета доза од Фајзер, антителата се зголемиле до 25 пати, а кај оние кои зеле Модерна и до 30 пати. Овие вакцини се доволно јаки, што ќе го зголемат вашиот имунитет, дури и да земете половина доза од која било од нив.
Вакцините на Фајзер и на Модерна против коронавирусот се најефикасни ако сакате да примите трета засилувача доза, споредени со ефектите од седум различни произведувачи во светот, јавува Би-Би-Си. Тие штитат и до 93 отсто подеднакво и кај помладите и постарите лица од 70 години, јавува ново истражување на британски научници. Студијата на над 3.000 испитаници ги зела предвид и следните други вакцини: АстраЗенека, Јансен, Новавакс, Кјурвак и Валнева.
И Фајзер и Модерна штитат од сите досегашни соеви, освен омикрон-сојот, за кој треба да се потврди заштитата. Тие всушност, се толку ефикасни, што дури и да примите само пола доза како бустер, тоа може да ви го засили имунитетот. Велика Британија беше една од првите земји кои ги набави овие вакцини и во следните две години ќе набави уште 114 милиони дози од нив.
Кај луѓето кои зеле трета доза од Фајзер, антителата се зголемиле до 25 пати, а кај оние кои зеле Модерна и до 30 пати. Кај другите вакцини овој процент бил помал, но значаен. Професорот Фауст вели дека „сите засилувачи обезбедиле подигнување на барем еден аспект од „вашиот имунитет против ковид-19“.
Сè на сè, mRNA-вакцините на Модерна и Фајзер им дадоа најдобар поттик на антителата и на Т-клетките, за кои се знае дека се важни фактори за тоа колку добро функционираат вакцините, особено по две почетни дози на АстраЗенека, вакцина која беше доста употребувана во Велика Британија.
Фајзер се користи во повеќе од 145 земји, а Велика Британија беше првата земја што ја одобри вакцината минатата година. За споредба, АстраЗенека се користи во повеќе од 180 земји и се смета дека спасила повеќе од милион животи ширум светот.
Во четвртокот Велика Британија регистрираше нови 53.945 случаи на ковид-19 и соопшти дека починале уште 141 лице.