Фајзер и Модерна ги тестираат своите вакцини за новиот коронавирус

317

Фармацевтските компании Фајзер и Модерна ги тестираат својте вакцини против новиот, брзоширечки трип на ковид-19 кој се појави во Велика Британија, информира CNN.

Модерна очекува дека имунитетот кое лицето ќе го стекне со нејзината вакцина штити од модификациите на вирусот и ќе спроведе уште тестирања во следните недели за тоа да го потврди, изјавиле од компанијата за CNN.






Од Фајзер изјавиле дека собираат податоци за тоа колку добро примероците на крв на луѓето кои се вакцинирани со нивната вакцина можат да го неутрализираат новиот коронавирус од Велика Британија.

Откривањето на модифицираниот коронавирус создаде дополнителна паника во пандемијата која усмрти 1,7 милиони луѓе и зарази повеќе од 77,5 милиони луѓе во светот.

Најголема загриженост е дека новиот коронавирус е позаразен за 40 до 70 отсто.

Научниците велат дека не постои доказ дека вакцината која се аплицира во Велика Британија, а која се произведува во Фајзер и БионТек- или други вакцини кои се развиваат, нема да штитат од новиот вирус.

 

 

Поврзани содржини