„Фајзер“ и „Модерна“ ефикасни кај бремени жени и доилки, антителата се пренесуваат на бебињата

Нивните примероци беа собрани од 17 декември 2020 година до 2 март 2021 година.

668

Вакцините „Фајзер/БиоНТек“ и „Модерна“ против коронавирусот се ефикасни кај бремени жени и доилки кои можат да пренесат антитела на новороденчиња, според истражувањето објавено во четвртокот во „American Journal of Obstetrics and Gynecology“.

Научниците од „Massachusetts General“ и „Brigham and Women’s“, Институтот „Ragon“ при „MGH“, Универзитетите „MIT“ и Харвард проучиле 131 жена вакцинирани со „Фајзер/БиоНТек“ или „Модерна“, објави „CNN“. Меѓу нив, 84 се бремени, 31 дојат, а 16 не биле бремени.






Нивните примероци беа собрани од 17 декември 2020 година до 2 март 2021 година.

– Се чини дека овие вакцини работат исклучително ефикасно кај овие жени – се вели во студијата.

Нивоата на антитела, стимулирани со вакцинација, беа исти кај бремените жени и доилките како кај небремените жени. Тимот забележа дека нивото на антитела по вакцинацијата е „значително повисоко“ од антителата создадени по инфекцијата со коронавирусот за време на бременоста.

– Се чини дека овие вакцини делуваат исклучително ефикасно кај овие жени – рече еден од научниците, Галит Алтер, професор на Институтот „Ragon“.

Покрај ова, тимот откри дека жените ги пренесуваат овие заштитни антитела на своите бебиња, и тие се мерат во мајчиното млеко и плацентата.

– Скоро сите мајки пренесоа пристојно ниво на антитела на своите бебиња – рече Алтер, додавајќи дека се потребни дополнителни истражувања за да се дознае колку траат тие заштитни антитела кај бебињата.

Испитаниците го користеле системот на Центри за контрола и превенција на болести во САД за да пријават несакани ефекти од вакцинацијата.

– Нема докази дека имало повеќе несакани ефекти во споредба со општата популација – велат оттаму.

Алтер вели дека нема докази дека имало повеќе несакани ефекти или поинтензивни несакани ефекти кај таа група жени во споредба со општата популација.

Иако тимот откри дека кај жени вклучени во студијата и вакцинирани со двете вакцини, нивото на антитела е слично, Алтер рече дека откриле повисоки нивоа на „IgA“ антитела кај бремените жени вакцинирани со „Модерна“.

Таа додаде дека овој тип на антитела може да се пренесе поефикасно на бебињата со текот на времето.

– Постојат некои причини да се верува дека повисоките нивоа на „IgA“ имунитет обезбедуваат поголема заштита – додаде Алтер. Таа вели дека се потребни дополнителни истражувања за откритието за да се донесат подобри одлуки за тоа кои вакцини треба да се даваат на бремени жени.

Ново истражување

Неодамнешното истражување открило дека вакцините засновани на „РНК“ технологија предизвикуваат производство на антитела кај бремени жени кои можат да се пренесат на бебињата.

Бремените жени и доилки не биле вклучени во првите клинички испитувања на вакцината.

Алтер вели дека две американски болници почнале да разговараат со бремени здравствени работници за нивното учество во студијата што резултирало со овие податоци.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, бремените жени со ковид-19 имаат поголем ризик од развој на потешка форма на болеста и поголем ризик од предвремено породување.

„ЦДЦ“ ги чека резултатите од новата студија во која учествувале повеќе од 3.600 бремени жени.

Поврзани содржини