Фајзер брои долари: Во 2021 ќе заработи 15 милијарди

302

Компанијата Фајзер се предвидува дека од продажба на вакцините кои ги развила во соработка со германскиот партнер Бионтек ќе заработи околу 15 милијарди долари.

Компанијата, како што пренесува Ројтерс, соопштила дека во 2021 година очекува вкупно приходи во износ помеѓу 59,4 и 61,4 милијарди долари.






Продажбата на вакцините би требало да продолжи и во следниот период, а според првите проценки компанијата за две години би требало да заработи дополнителни 9,3 милијарди долари.

Компанијата Модерна, исто така претставник на американската фармацевтска индустрија која разви и произведе вакцина против ковид-19, годинава од продажба на вакцината би требало да заработи 13,2 милијарди долари.

Во текот на идните две години Модерна од продажба на вакцините би требало да инкасира дополнителни 10 до 15 милијарди долари, според предвидувањата на Морган Стенли.

Поврзани содржини