„Фајзер“ бара нов услов за вакцината, договор со Македонија засега нема

919

Од компанијата „Фајзер“ пред три дена стасало дополнително барање во однос на договорот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, процедурата се одолжила поради нови услови од оваа компанија, а последниот е за одговорноста од евентуални несакани ефекти од вакцината.






Прашан за вакцината на „Фајзер, министерот Филипче појасни дека од наша страна на 30 декември лани имало остварено комуникација и дека земјата ги исполнува условите да се потпише договорот.

– Сега имаат и некои дополнителни барања од пред два дена. Ние од наша страна го потпишавме договорот и го вративме. Има некое дополнително барање, а се однесува на обесштетување за евентуално несакани ефекти од вакцината. Интензивно разговаравме и во текот на изминативе два дена и денеска. Утрово ги чекаме повратните информации од „Фајзер“. И самите се свесни и укажаа дека навистина долго време траат овие разговори со нив и јас верувам дека конечно ќе се финализираат – појасни Филипче.

Поврзани содржини