ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС ЗА ПРЕГОВОРИТЕ Русија се откажува од денацификација и ќе ѝ дозволи влез на Украина во ЕУ
Прашањето е уште отворено, но четворица анонимни лица изјавиле дека Русија би можела да дозволи влез на Украина во ЕУ и да се откаже од „денацификацијата“, во замена за неутрална Украина и безбедносни гаранции.
Русија повеќе нема да бара Украина да биде „деназифицирана“ и е подготвена да му дозволи на Киев да се приклучи на ЕУ доколку таа остане воено неутрална како дел од преговорите за прекин на огнот, пишува Фајненшл Тајмс, повикувајќи се на четворица лица информирани за дискусиите.
Москва и Киев разговараат за пауза во непријателствата како дел од можниот договор што би вклучил Украина да се откаже од напорите за членство во НАТО во замена за безбедносни гаранции и изгледите за приклучување кон ЕУ, изјавиле анонимно луѓето, бидејќи прашањето сè уште не е финализирано.