Фајнанс тинк: Најранливи сектори од Ковид-19

Овие сектори, според експертите на Институтот се истовремено и најранливи според уделот на самовработени лица, неформални работници и големината  на субјектот.

694

Институтот за економски анализи Фајнанс тинк (Finance think) објави  инфограм за најпогодените сектори во економијата од состојбата предизвикана од Ковид-19.

Овие сектори, според експертите на Институтот се истовремено и најранливи според уделот на самовработени лица, неформални работници и големината  на субјектот.






Според оценката на Институтот во најпогодени се секторите трговијата на мало, освен на моторни возила, потоа специјализирани градежни активности, копнен транспорт, активност на други лични услуги, трговија и поправка на моторни возила на големо и мало.

Најголем број микропретпријатија има во секторот активност на други лични услуги, следуваат  трговијата и поправки на моторни возила на големо и мало, специјализиран и градежни работи , трговијата на мало и копнениот транспорт.

Во овие пет сектори има и најголем број вработени  кои работат на црно – неформални работници. Тука предничи  секторот специјализиран и градежни работи, а следат трговијата и поправка на моторни возила, изградба на згради, услужни активности и трговијата на мало.

Овие сектори имаат и најмногу вработени во рамки на микропретпријартијата кои имаат до 10 вработени. На прво место е трговијата на мал, која ја следи  трговијата на големо, услужните активности за храна и пијалоци и специјалните градежни работи.

Поврзани содржини