„Фајнанс тинк“: Најлошо е, ако се доцни со фискалните мерки

Да се погледне колку пари се на располагање и од кои извори, а потоа да се дизајнира пакет мерки во рамки на можностите или да се тргне од мерки кои ќе имаат најголем импакт, па да се направи приоритизирање, вели Петрески.

633

Моментално немаме ургентност за економски  мерки, но ургентност за фискален план имаме. Веќе и доцниме со планот, пишува во пост на Фејсбук  Благица Петрески од Институт за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“.

Според неа, најлошо е ако се задоцни со мерките и затоа предлага во подготовка на планот за фискални мерки да се користат два пристапа.






– Да се погледне колку пари се на располагање и од кои извори, а потоа да се дизајнира пакет мерки во рамки на можностите или да се тргне од мерки кои ќе имаат најголем импакт, па да се направи приоритизирање – вели Петрески.

Притоа, вели таа, мора да се размислува колкава е моменталната ликвидност

-Да се замрзнат сите непродуктивни трошења (набавки на мебел, автомобили и други стоки), да се искористат средствата што се на сметка во НБРМ и покрај законските ограничувања поради техничката влада, да се има план за пренамена на средства: во рамки на едно министерство и помеѓу министерствач намена по програми (пример пренамена на средства за иновации во ликвидносни пакети за компании). Во крајна линија да се посегне по задолжување (план од каде и колку) – додава таа.

Институтот со кој раководи Петрески предлага да се види какви фискалните мерки презедоа другите земји за справување со економските последици од корона вирусот.

Поврзани содржини