Ф16-КИТЕ НЕ ЗНАЧАТ ДЕКА КИЕВ ЌЕ ДОМИНИРА НА НЕБОТО? Обуките би траеле со месеци, проблем се и мазните писти, логистиката…

Освен обуката што доаѓа со авионите, експертите посочуваат и на логистиката како што се новите синџири на снабдување за авионите, процедурите за одржување и инфраструктурата.

1,097

Aвионите Ф-16 од четврта генерација кои би ги добила Украина нема автоматски да му дадат на Киев воздушна супериорност над руските сили, велат експертите за Њузвик. Се чини дека Киев е поблиску до обезбедување на авионите од Западот, но со нив доаѓаат и проблемите за обука и за одржување.

– Украинските сили најпрво ќе треба да возвратат против руските сили и да ја „еродираат нивната копнена воздушна одбрана – изјави поранешниот воздушен маршал на кралското воздухопловство Грег Багвел.






Украина долго време бара испорака на напредни борбени авиони од западно производство за да ја надгради својата стара флота од советската ера.

Украина ќе бара воздушни „џебови“

Постојат неколку пречки кои Украинците ќе треба да ги надминат. Прво, ќе им требаат соодветно обучени копнени екипажи и пилоти, доволно системи за воздушна одбрана за заштита на нивните бази и соодветно снабдување со проектили.

Украина треба да бара „локална супериорност“, тврди Багвел, и „да создаде џебови на воздушна супериорност за конечен период за да можат да доминираат неколку часа или дури со денови“.

Обука со недели, месеци…

Иако многу нации понудија да обучуваат украински пилоти, ќе биде потребно време за да се реализира.

– Обуката, па и на искусни пилоти на нов авион се мери со месеци, а не со недели – изјави за Њузвик пензионираниот воздушен комодор Ендрју Кертис, поранешен член на британското кралско воздухопловство, додавајќи дека истиот принцип важи и за обучување на украинските копнени сили.

воен авион Ф-16

Најбрзата обука би била за 18 месеци?!

Тешко е да се открие дали или колку обука на екипажите на украинските воздухопловни сили веќе се случила, изјави Дејвид Џордан, ко-директор на Институтот за воздух и вселена Фримен на Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија.

Кон крајот на февруари, Колин Кал, потсекретарот за одбрана на Пентагон за политика, предложи „најбрзиот“ временски рок за обука и испорака на Ф-16 во Украина да биде околу 18 месеци.

Но, Жосеп Борел, шефот за надворешна политика на Европската унија, во вторникот сигнализираше дека украинските пилоти почнале да тренираат за Ф-16 во „неколку земји“.

„Полска е подготвена да ги обучува украинските пилоти на авиони Ф-16“, изјави Министерството за одбрана на Варшава во соопштението за Њузвик, но рече дека „таква обука сè уште не е започната“.

Од друга страна, доколку Украина се обиде да употреби авиони Ф-16 пред нејзините сили да бидат подготвени, ова „веројатно ќе резултира со загуби кои не можат да се дозволат“, смета Ендрју Кертис, поранешен британски воздухопловен генерал.

Мазните писти ќе бидат главна цел

Освен обуката што доаѓа со авионите, експертите посочуваат и на логистиката како што се новите синџири на снабдување за авионите, процедурите за одржување и инфраструктурата.

На Ф16-ките им требаат мазни писти и често централизирани бази за да оперираат, за разлика од дисперзираните аеродроми и импровизирани писти што можат да ги користат авионите од советската ера во сегашната флота на Украина.

Токму овие мазни писти потоа би можеле да станат главна цел за руските напади, смета поранешниот британски воен офицер Френк Ледвиџ.

Оваа авионска збрка потоа може да ги стави на два ума Украинците околу тоа каде да ги постават противвоздушните системи како на пример, „Патриотот“ и со тоа да предизвика воени загуби.

 

Поврзани содржини