Езерската полиција доби флота од пет пловни објекти (ВИДЕО)

Пловните објекти се опремени со професионални уреди за навигација GPS, радар и затворена кабина за екипажот.

419

Пет пловни објекти доби езерската  полиција со кои, како што беше речено на пуштањето на дел од нив  во Охридкото Езеро, ќе се зајакнат капацитетите на заштита на границата.

МВР информира дека два пловни објекта со цврсто корито се набавени од сопствени средства од буџетот на МВР со вредност од 8.055.511 денари, а согласно склучениот Договор за донација помеѓу министерствата за внатрешни работи на РСМ и на Република Чешка набавени се исто така два пловни објекти со цврсто корито и еден гумен патролен чамец со вредност од 8.144.074 денари.






Пловните објекти се опремени со професионални уреди за навигација GPS, радар и затворена кабина за екипажот, а патролниот чамец е погоден за брзи интервенции во разни инцидентни ситуации и контроли на водениот сообраќај, особено во летниот период во сите три езера, со што значително се зајакнуваат капацитетите за заштита на границите. Поголемите пловни објекти се со јачина од 200 коњски сили, а помалите со мотор од 160 коњски сили.

Ова, велат од МВР, ќе овозможи висока ефикасност на припадниците на граничната полиција во секакви временски услови, како во делот на граничниот надзор и спречување на секаков вид прекуграничен криминал во Охридското и Преспанското Езеро, така и во услови кога е потребно да се пружи помош и спасување во водите на езерата од најразлични причини.

Поврзани содржини