АГЕНЦИЈАТА „EYE MEDIA“ ДЕМАНТИРА ДЕКА СОРАБОТУВА СО СДСМ И СО БАШАНОВИЌ Тврди дека не е дел од политичка машинерија

ПР агенцијата „Eye Media“ ги отфрла како невистинити тврдењата за наводна соработка со СДСМ и Зоран Башановиќ.

111

ПР агенцијата „Eye Media“ со остра реакција ги демантираше информациите објавени во дел од медиумите дека има соработка со Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) и со Зоран Башановиќ.

Од агенцијата велат дека станува збор за целосно неточни и неосновани тврдења, нагласувајќи дека немаат никаков договор, ангажман или било каква форма на соработка со политичката партија или нејзини претставници.






Во продолжение интегрално го пренесуваме демантот:

Во врска со текстовите објавени во медиумите во кои се споменува ПР агенцијата „Ај медија” (Eye Media) како соработник на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), категорично ги демантираме сите тие тврдења.

„Eye Media“ нема никаков договор, ангажман ниту соработка со СДСМ или нивните советници.

Не постои никаков ангажман на агенцијата во креирање соопштенија, прес-конференции или било каква комуникациска поддршка за СДСМ.

Сите тврдења за „штанцање лажни соопштенија”, „центар за лаги” или „надворешна ПР машинерија” се целосно невистинити и немаат никаква основа во факти.

Посебно нагласуваме дека немаме никаква врска со Зоран Башановиќ.

Тој не е дел од нашиот тим ниту сме имале било каква соработка со него.

„Eye Media“ се занимава исклучиво со односи со јавност, корпоративни комуникации и стратешко советување, а не со естрада, музика или менаџмент на изведувачи.

Делуваме целосно транспарентно, во согласност со етиката на ПР струкава.

Сите евентуални идни соработки со политички партии во регионот ќе бидат транспарентни и јавни.

Поврзани содржини