ExxonMobil повеќе не е втората највредна енергетска компанија

Пазарната капитализација на „Saudi Aramco“ пак е недостижна – компанијата вреди 1.75 трилиони долари.

258

Индиската „Relience Industries“ ја надмина американската „ExxonMobil“ и стана втора енергетска компанија во светот според пазарна капитализација. На прво место е саудискатa „Saudi Aramco“.

Kaко што денеска соопшти агенцијата „Блумберг“, при затворањето на тргувањата на берзата во Мумбај во петокот, цената на акциите на компанијата контролирана од Мукeш Амбани, најбогатиот човек во Азија, се зголемила за 4.3 проценти. Така, пазарната капитализација на компанијата достигнала 189 милијарди американски долари, додека пазарната капитализација на „Exxon“ во тој момент била 183.63 милијарди долари.






Пазарната капитализација на „Saudi Aramco“ пак е недостижна – компанијата вреди 1.75 трилиони долари.

Од „Блумберг“ велат дека растежот на акциите на „Reliance“ не е толку поврзан со активностите на компанијата во областа на енергенсите нафта и гас, колку со операциите на компанијата на пазарите со дигитални услуги и технологии и малопродажбата.

На пример, дигиталната филијала на „Reliance – Jio Platforms Ltd“, привлека инвестиции во вредност од 20 милијарди долари, што е дел од своевидниот тренд според кој светските информациско-технолоши гиганти својата иднина повеќе ја гледаат во Индија отколку во Кина.

Поврзани содржини