Евзони затворен за сообраќај поради штрајк на грчките цариници

197

Поради штрајк на грчките царински служби граничниот премин Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од денеска од 5 часот, па до утре во 5, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи.

Раководителот на смена на ПС за ГП и ГН Богородица е информиран од раководител на смена на ГП Евзони дека поради 24-часовен штрајк на грчките царински служби, ГП Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 05.00 часот на 24.11.2020  до 05.00 часот на 25.11.2020 година, се нагласува во соопштението од МВР.

Поврзани содржини