ЕВЗОНИ (БОГОРОДИЦА) ПОВТОРНО ОТВОРЕН Сообраќајот нормализиран по протестите на грчките земјоделци

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) од 21:00 часот е отворен за сообраќај и движењето се одвива без ограничувања.

79

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) од грчка страна повторно е отворен за сообраќај кој беше блокиран од грчките земјоделци, информира АМСМ.

Протестите, кои изминатите денови предизвикаа повремени прекини и застои во сообраќајот на овој граничен премин, беа насочени кон владините мерки за земјоделскиот сектор, поради што земјоделците го блокираа движењето на возила од грчка страна.






Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) од 21:00 часот е отворен за сообраќај и движењето се одвива без ограничувања.

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, со претежно суви коловози, а надвор од градските средини интензитетот на возење е умерен.

АМСМ посочува дека е потребно прилагодено движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Овие делници вклучуваат: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини