ЕВТИНО ДА СЕ УНИШТИ, СКАПО ДА СЕ БОЦНЕ Уништени 20.000 вакцини за 200 денари

Вакцини против сезонски грип има во сосема доволен број, бидејќи досега се пријавени околу 36 000 граѓани, а има бесплатни 40 000 и плус 11 000 комерцијални.

1,006

Уништени се 20 000 вакцини против ковид-19 кои беа донација од Бугарија поради тоа што не се искористиле, а самото уништување чинело околу 200 денари, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Се уништија дел од бугарските вакцини кои беа донација и тоа е нешто на што посветуваме внимание. Вакцини има сосема доволно и тие што ќе дојдат до крајот на годината и некои кои треба да стигнат како донација. Утре стасува донацијата од Полска, така што количината на вакцини не треба да биде нешто што ќе нѐ загрижува. Уништени се 20 000 од Бугарија кои не се искористија и тоа уништување чинеше околу 200 денари – рече Филипче.






На прашањето дали има доволно вакцини против сезонски грип, тој рече дека ги има во сосема доволен број, бидејќи досега се пријавени околу 36 000 граѓани, а има бесплатни 40 000 и плус 11 000 комерцијални.

– Засега тука сме во рамките на она што е вообичаена проценка за тоа колку граѓани се заинтересирани за вакцинација против сезонски грип – додаде Филипче.

Во врска со вакцините на „АстраЗенека“ кои ако не се искористат, ќе треба да се уништат, Филипче рече дека очекуваат со преостанатите неколку десетици илјади вакцини да се зголеми опфатот на возрасната категорија на која може да ѝ се дадат.

Поврзани содржини