Евровизискиот спот на Гарванлиев со „бугарското знаме“ ќе биде променет

2,557

Спотот на нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев за песната „Here I stand“ ќе биде заменет со друг, откако во еден од кадрите се појави уметничко дело кое гледано вертикално наликува на бугарското знаме.

24 Вести објави дека спотoт ќе биде заменет затоа што боите биле поставено по друг редослед на уметничкото дело, откако локацијата на снимањето – Даут-пашиниот амам се варосувал.






Спотот ќе биде симнат од официјалниот Јутјуб канал и веќе се работи на новиот видео-запис. Делото во заднината е на уметничката Жанета Вангели, а редоследот на боите оригинално бил бела – црвена – зелена, за по молерисувањето да биде променет во бела – зелена – црвена, односно како оној на бугарското знаме.

 

Поврзани содржини