ЕВРОВИЗИЈА ПОВТОРНО БЕЗ МАКЕДОНИЈА Трета година по ред нема да испратиме наш претставник

Од земјите во регионот, Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Албанија и Црна Гора се враќаат по двегодишна пауза и ќе партиципираат на Евровизија 2025 година.

339

Македонија официјално се повлече од Евровизија 2025 и со тоа ја одбележа и третата година неучество од ова контроверзно музичко натпреварување.

Националната телевизија МРТВ го објави буџетот за 2025 година и таму не се предвидени пари за овогодишно учество на Евровизија.






Сепак, Македонија ќе продолжи да учествува на детската Евровизија, а за ова натпреварување не се потребни големи финансиски средства.

Од земјите во регионот, Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Албанија и Црна Гора се враќаат по двегодишна пауза и ќе партиципираат на Евровизија 2025 година.

Некои од овие држави се соочуваат со финансиски предизвици што се доведува во прашање нивното идно учество.

Последен претставник на Македонија на еМАКЕвровизискиот спектакл беше Андреа во 2022 година со нејзината песна „Кругови“ која го освои 11 место во полуфиналето, но тоа не беше доволно за пласман во финалното натпреварување.

Поврзани содржини