„Евротим“ не може да го продава складираниот мазут, пазарниот инспекторат му изрече забрана
Пазарниот инспекторат направи дополнителни анализи во кои се утврдени отстапките од стандардите за квалитет на мзаутот.
Државниот пазарен инспекторат изрече забрана за промет на затекнат во складот на компанијата „Евротим“ од Кичево во складот во Ресен поради отстапки во кавлитетот на мазут, утврдени при дополнителните анализи.
– Државниот пазарен инспекторат ги доби резултатите од земените дополнителни мостри од скалдот за мазут во Ресен, во сопственост на компанијата „Евротим“ Кичево. Според анализите, констатирано е дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430. Поради констатираните отстапувања на квалитетот на производот, од страна на ДПИ е донесено решение за забрана за промет на производот мазут, кој е затекнат во складот на економскиот оператор „Евротим“ – велат од ДПИ.
Од Инспекторатот информираат дека уште при првичните контроли во компанијата „Евротим“, изрече Решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут, затоа што тогаш кај две цистерни на компанијата беа утврдени отстапки од граничните вредности на мазутот што го увезува оваа компанија.
– Параметрите за квалитет на мазут не одговараа согласно Правилникот за кавлитет на течни горива. По задолжение од ДПИ, тогаш двете цистерни од кои беа земени мострите, беа вратени кај добавувачот, по што следуваа последните дополнителните анализи – велат од ДПИ.