„Евротим ГДС“од Кичево казнета со 10.000 евра за продажба на неквалитетен мазут

Казнет е и раководителот на фирмата со 3.000 евра, а компанијата ќе треба за 15 дена да се усогласи со стандардите.

902

Компанијата „Евротим ГДС“- Кичево ќе плати казна од 10.000 евра, а нијзиното  одговорното лице  3.000 евра затоа што  продавале мазут со вода и други примеси недозволени со стандардите. Компанијата има рок од 15 дена да ги отстрани забелешките за квалитет на мазутот.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) инфoрмира дека компанијата  ги прифатиле резултатите од анализата на мострите на мазут земени во  складот во Ресен.






При првите примероци од земени мостри од складот за мазут во Ресен во сопственост на оваа компанија, ДПИ констатираше дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430.

 

Поврзани содржини