Евростат: Во ЕУ живеат 23 милиони државјани на трети земји

Според европската агенција за статистика Евростат, на 1 јануари 2020 година, граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ сочинуваат 5,1 процент од населението на Унијата.

228

Вкупно 23 милиони државјани на трети земји живеат во членките на Европската унија, а Луксембург е земја со најголем процент на жители кои не се негови државјани.

Според европската агенција за статистика Евростат, на 1 јануари 2020 година, граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ сочинуваат 5,1 процент од населението на Унијата.






Исто така, 13,5 милиони луѓе кои живеат во една од членките имаат државјанство на друга членка на ЕУ, што претставува три проценти од населението на Унијата.

Луксембург има најголем удел во недржавјани, а потоа се Полска и Романија.

Странските државјани сочинуваат 47 проценти од населението на Луксембург, од кои 39 отсто се државјани на друга земја-членка на ЕУ.

Голем удел на странски државјани имаат и Малта, Кипар, Австрија, Естонија, Летонија, Ирска, Германија, Белгија и Шпанија, повеќе од 10 проценти од населението.

Најголем процент на граѓани од земји што не се членки на ЕУ имаат Естонија (14 проценти) и Летонија (13 проценти). Од друга страна, кај нив речиси и нема граѓани на други земји-членки на ЕУ.

Во Полска и Романија, странските државјани сочинуваат помалку од еден процент од населението.

Во повеќето земји, странските државјани се претежно државјани на трети земји. Само во Луксембург, Белгија, Ирска, Австрија и Словачка има повеќе луѓе кои се граѓани на други членки на ЕУ.

Поврзани содржини