Европско знаменце за еколошката такса бидејќи е дел од Зелената агенда

Во наредните денови ќе се разгледаат сите можни опции заради тоа што е поврзано со Зелената агенда која дефинитивно е преокупација на Европската Унија, рече премиерот Зоран Заев.

235

Правните служби на Владата ја разгледуваат можноста да се стави европско знаменце на предлог-законот за воведување зелена еколошка такса за горивата кој е во собраниска процедура. Јас лично сметам дека треба да има затоа што е дел од Зелената агенда која е главна преокупација на Европската Унија, а согласно климатските промени и Парискиот договор очигледно е и на светот, но тоа треба да го кажат службите, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, тој нагласи дека европско знаме на законските предлози се става по два основа од кој првиот е со кореспондентни табели, кои значат целосно спроведување на одредени регулативи и директиви, а вториот согласно европската агенда, односно европските преокупации.






– Тоа треба да го проверат правните служби и да се утврди дали се става европско знаме или не. Во наредните денови ќе се разгледаат сите можни опции заради тоа што е поврзано со Зелената агенда која дефинитивно е преокупација на Европската Унија. Не постојат основи за кореспондентни табели и нема директива и регулатива, но е поврзано со европската агенда и правните служби ја разгледуваат оваа опција како можност. Сепак, веруваме дека Парламентот ќе изнајде начин да се донесе законот заради тоа што со еколошката такса која е нова давачка дефинитивно нафтата кај нас останува најевтина во споредба со која било земја во соседството и од земјите-членки на ЕУ, -рече Заев.

 

Поврзани содржини