ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ НЕМА ДА ПРАВАТ ПРОБЛЕМ ПРИ ПАТУВАЊЕ СО СТАРИТЕ ПАСОШИ Министерот Тошковски добил официјално известување од Брисел
Ако работиме 25 дена во месецот, со по 3.000 пасоши на ден, тоа се 75.000 месечно. Со оваа бројка ќе може да се обноват пасошите до крајот на годинава - рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во оптимални услови дневно може да се изработат само по 3.000 нови пасоши, така што целиот процес на замена на пасошите ќе може да се заврши до Нова година – рече техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во утринската програма на ТВ Сител.
– Имаме две машини со дневен капацитет., кој се надевам дека ќе го оптимизираме, за околу 3.000 пасоши дневно. Но најважно е да не го изгубиме континуитетот, динамиката во испораката на обрасците. Ако има печатење на пасоши од тип Б со други јазици, ќе биде под 2.800, така е побавно – рече Тошковски.
Неговите математички прогнози кажуваат дека пасошите ќе се обноват до Нова година доколку сè биде во ред со машините и со испораката на обрасците.
– До Нова година ќе може да се стигне. Имаме отприлика околу 10 месеци, но само ако се зголеми капацитетот, барем минимално, и ако ги имаме обрасците – ќе може да ги обновиме оние 650.000 пасоши со старото име
Уште една машина не може да се обезбеди, затоа што сега се избори, а таа постапка трае долго врме. Ако работиме 25 дена во месецот, по 3.000 на ден, тоа се 75.000 месечно. Со оваа бројка ќе може да се обноват – рече Тошковски.
Техничкиот министер рече дека денеска добил допис од Брисел дека ЕУ нема да прави проблеми доколку македонските граѓани би требало да патуваат со македонски пасоши со старото уставно име и ги повика пратениците во Собранието да го изменат законот за патни исправи.
– Денеска добив написмено информација каде Комитетот за патни исправи на Европската комисија одржал состанок, ми беше најавено од белгискиот амбасадор. Ќе имаат разбирање за проблемот и ќе бидат максимално коректни и воздржани во однос на нашите граѓани. Нашите граѓани кои се надвор од Македонија,70.000 се со старото име во Германија, тоа го имаат Германците како податоци, ние го немаме. Тие без проблем ќе може да отидат во Унгарија и Чешка, ама нема да можат да излезат од Македонија ако дојдат дома. Европскиот комитет дава мислење до земјите да имаат разбирање. А ние што правиме – само МакедОнија, освен Грција, ќе крши основно човеково право на слобода и движење, заради тоа што пратениците од владеачката структура – од СДСМ и ДУИ, не сакаат да стиснат едно копче – рече Тошковски.