ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ ЌЕ НАБАВАТ 10.000 БРОДОВИ ДО 2035 Амбициозна поморска стратегија на Европската комисија

Со стратегијата се предвидува финансиска поддршка за изградба на бродови за двојна, цивилна и воена намена.

0

Европската комисија планира да го поддржи поморскиот сектор во ЕУ за набавка или надградување на помеѓу 7.000 и 10.000 „одржливи и дигитализирани“ бродови до 2035 година.

Ова се наведува во предлог документот на идната Индустриска поморска стратегија на Европската комисија, кој сè уште е во изработка.






Во документот се нагласува и потребата од зајакнување на воените морнарици на земјите членки на ЕУ, како одраз на актуелните геополитички притисоци и случувања.

За таа цел се предвидува во рамките на Европската програма за одбранбена индустрија да се обезбеди финансиска поддршка за изградба на бродови за двојна, цивилна и воена, намена, како на пример на фериботи.

Овие бродови првенствено би се користеле за цивилен транспорт, но по потреба би можеле да бидат ангажирани и од страна на воените морнарици.

Стратегијата, исто така, предвидува и нова иницијатива за подигање на свеста за следење на непријателската поморска активност и заштита на подводната инфраструктура.

За таа цел се планира зајакнување на поддршката за развој на технологии за разузнавање, надзор и извидување произведени во ЕУ, преку заедничка набавка на дронови, комуникациски системи и наменско финансирање за кибербезбедноста.

Поврзани содржини