ЕВРОПСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА ЌЕ ГИ СМЕТАМЕ ЗА ВОЕНА ЦЕЛ Захарова упати закани до „Коалицијата на подготвените“

Распоредувањето западни трупи на украинска територија, под кој било изговор, би претставувало закана за нашата безбедност, рече Захарова.

145

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека присуството на сили на „Коалицијата на подготвените“ на територијата на Украина е „категорично неприфатливо“ и дека Москва ќе ги смета таквите контингенти за легитимна воена цел.

Зборувајќи на прес-конференција, Захарова рече дека евентуалното распоредување на западни трупи, кои, според неа, би биле предводени од Велика Британија и Франција, би претставувало таен план за странска воена интервенција, објавија руските медиуми.






„Русија постојано нагласува дека распоредувањето на западни трупи на украинска територија, под кој било изговор, би претставувало закана за нашата безбедност. Ние ќе ги сметаме таквите трупи за легитимна воена цел“, нагласи таа.

Во јануари, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на состанокот во Париз на претставници на „Коалицијата на подготвените“ потпишаа декларација за намера во врска со можното распоредување на мултинационални сили во Украина по прекинот на непријателствата.

„Коалицијата на подготвените“ обединува десетици земји кои обезбедуваат воена помош на Украина и, меѓу другото, ја разгледува можноста за распоредување мировни сили на нејзина територија по завршувањето на конфликтот.

Поврзани содржини