ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ СЕ ЛУДАЦИ Лукашенко обвини дека сакаат „да подметнат пожар“ во Белорусија
Германија, (но и цела Европа) сега нема лидер, а и да има, не може да го изгаси пожарот ниту во својата куќа, рече Лукашенко.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изрази уверување дека граѓаните на европските земји сакаат да живеат во мир, но властите во тие земји не може „да го изгаснат пожарот во сопствениот дом“.
– Германија, (но и цела Европа) сега нема лидер, а и да има, не може да го изгаси пожарот ниту во својата куќа – рече Лукашенко.
Лукашенко оцени дека Европејците не сакаат војна бидејќи доволно добро разбираат што се случува денес во Украина.
– Овде во Белорусија исто така се обидуваат да подметнат пожар. Утре цела Европа ќе биде запалена – рече Лукашенко и порача дека Европејците треба да престанат со конфронтацијата што веќе резултира со конфликт на територијата на Украина.