Европските берзи и денес продолжуваат да растат
Ваквиот раст претставува продолжување на вчерашниот силен пораст на европските берзи.
Европските пазари на капитал и денес продолжија да бележат профит, охрабрени од вестите дека финансиската инјекција од два трилиони американски долари е одобрена од американските власти.
Пан-европскиот индекс „Стоккс 600“ порасна за 2,1 процент по отворањето на берзата во 8:04 часот, добивки бележат пред се акциите од енергетскиот, индустрискиот, финансискиот и рударскиот сектор, пренесува „Ројтерс“.
Според податоците во реално време од „Бизнис Инсајдер“, лондонскиот берза „ФТСЕ 100“ забележи раст за скоро два проценти на почетокот на тргувањето, германскиот „ДАКС“ порасна за околу три проценти, додека францускиот „КАК 40“ скокна за над 5,0 проценти.
Ваквиот раст претставува продолжување на вчерашниот силен пораст на европските берзи.
Во вторникот британската берза зајакна за над 9,0 проценти, германската берза за скоро 11 проценти, а француската берза за околу пет проценти.