Европскиот суд за човекови бара ослободување на Навални
На 16 февруари 2021 година, судот одлучи да ја извести руската Влада да го ослободи Навални.
Европскиот суд за човекови права го прифати барањето на Алексеј Навални за привремена мерка и ја повика руската Влада да го ослободи, јави дописникот на МИА.
Алексеј Навални поднесе барање до судот на 20 јануари 2021 година, за примена на членот 34 од Европската конвенција за човекови права. Истиот ден, жалителот доставил до судот апликација според правилото 39 од деловникот на судот во врска со неговото затворање, со барање за ослободување.
На 21 јануари 2021 година, судот одлучи да го прекине разгледувањето на апликацијата врз основа на членот 39 од правилникот и побара од руската Влада да и ги обезбеди следните информации:
„Со оглед на веродостојното тврдење за речиси фатален напад од страна на жалителот во август 2020 година, со употреба на хемиски нервен агенс и фактот дека сторителите не се идентификувани од руските власти, ризикот за животот на апликантот опстојува? Ако е така, какви мерки презедоа руските власти за заштита на неговиот живот и благосостојба, особено за време на затворот? Покрај тоа, дали условите за притвор и третманот на апликантот биле предмет на редовно независно следење во согласност со европските стандарди?“,стои во одлуката.
Од судот информираат дека на 26 јануари 2021 година, руската влада одговорила на прашањата.
„Владата укажа дека апликантот се наоѓал во соодветно чуван објект, а неговата ќелија била под видео надзор. Таа ги опиша физичките услови во ќелијата и изјави дека апликантот имал пристап до електронски комуникации преку затворскиот систем. Нему му беше дозволено да остварува телефонски повици и во неколку наврати го посетија неговите адвокати и членови на Комисијата за јавен надзор“, се наведува во соопштението од Судот.
На почетокот на месецов и Навални доставил своите забелешки како одговор на владата.
„Тој рече дека наведените аранжмани од владата не можат да обезбедат доволни гаранции за неговиот живот и здравје“, се наведува во соопштението.
На 16 февруари 2021 година, судот одлучи да ја извести руската Влада да го ослободи Навални.
„Оваа мерка се применува со непосреден ефект. Судот ја зеде предвид природата и степенот на ризик по животот на жалителот, покажа примација факт за целите на примена на привремената мерка и ги разгледа во предвид општите околности на тековниот притвор на жалителот. Оваа мерка беше доделена без да се наруши одлуката на Судот за основаноста на овој случај и за надлежноста на Комитетот на министри.Мерките дадени според правилото 39 од деловникот на судот се одлучуваат во текот на постапката пред судот, без да се нарушат следните одлуки за допуштеност или основаноста на случајот“, стои во соопштението.