Европскиот шампион Вардар го менува името!
Во фаза сме на преземање на клубот од Самсоненко. Кога тоа ќе се заврши, ќе пристапиме кон регистрирање на новиот субјект, кој ќе се вика Вардар 1961, изјави Михајловски за Телма.
Ракометниот европски шампион Вардар го менува своето име и од 1 јуни ќе се вика Вардар 1961, истакна новиот сопственик Михајло Михајловски за Телма.
„Во фаза сме на преземање на клубот од Самсоненко. Кога тоа ќе се заврши, ќе пристапиме кон регистрирање на новиот субјект, кој ќе се вика Вардар 1961. Целта на идното раководство е да се изгради екипа која ќе има за цел четвртфинале на Лигата на шампионите, Ф4 во СЕХА лигата и двојна круна на домашна сцена. Голманското трио ќе го сочинуваат Кизиќ, Ристовски и Кантегрел. Потпишавме со Јагуриновски, а наскоро ќе знаеме и повеќе детали околу останатите засилувања – изјави Михајловски.