ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ИМЕНУВАЛ МИЦКОСКИ КАКО „ЧОВЕК КОЈ ШИРИ ЛАЖНИ ВЕСТИ“?! Пендаровски тврди дека тоа е запишано во официјален извештај
„Пародија е фактот што Мицкоски се шокира од вести кои самиот ги продуцира“, рече претседателскиот кандидат на СДСМ во Валандово.
„Во 2020 година, во извештај на Европскиот Парламент, во извештај на Комитетот за надворешни работи, Христијан Мицкоски е именуван како личност којшто продуцира лажни вести и дезинформации. Не му верувајте ништо“.
Ова во четвртоко вечер во Валандово го изјави претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, како реакција на обвинувања од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека им се заканувал на граѓаните.
– Пародија е фактот што Мицкоски се шокира од вести кои самиот ги продуцира – рече Пендаровски.
Зборувајќи пред жителите на Валандово, вечерва кандидатот за претседател Стево Пендаровски истакна дека на оваа држава и требаат лидери кои размислуваат 30-40 години однапред, а не политичари чија единствена цел е да дојдат на власт и доживотно да останат во нивните фотелји.
– Работејќи за подобра иднина на следните генерации, не мислејќи на нашиот рејтинг, ја внесовме земјата во НАТО – рече тој.