ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ЗАБРАНИ ТЕРМИНИТЕ „ШНИЦЛА“ И „БУРГЕР“ ЗА ВЕГЕ-ПРОИЗВОДИТЕ Законот ја подели европската десница

Селин Имарт, десничарска членка на Европскиот парламент (Европска народна партија) која го иницираше законот вели дека станува збор за транспарентност и јасност за потрошувачите и признавање на работата на земјоделците.

55

Европскиот парламент денеска гласаше за забрана на употребата на термини како што се шницла (стек), колбас и хамбургер за производи што не содржат месо.

Членовите на Европскиот парламент со 355 гласа „за“ и 247 „против“ го поддржаа предлогот на десницата за забрана на термини како што се „вегетаријански стек“ и „вегетаријански бургер“.






Сепак, оваа мерка сè уште треба да се преговара со европските земји.

– Станува збор за транспарентност и јасност за потрошувачите и признавање на работата на нашите земјоделци – рече Селин Имарт, десничарска членка на Европскиот парламент (Европска народна партија) која го иницираше законот.

Вегетаријанските производи слични на месо доживеаја бум во последниве години, поттикнати од загриженоста на потрошувачите за здравата исхрана, заштитата на благосостојбата на животните и намалувањето на нивниот еколошки отпечаток, при што сточарските фарми се главни емитери на јаглерод диоксид.

Законот, чија цел е забрана на етикетите како „стек од соја“, ја подели десницата.

Германскиот пратеник Петер Лизе смета дека е „срам“ што Европскиот парламент посветува време на „такви глупости“.

-Не смееме да ги сметаме потрошувачите за будали. Ако на пакувањето пишува „вегетаријански бургер“ или „вегетаријанска колбас“, секој може да одлучи дали да го купи или н – рече Лизе.

Француската индустрија за добиток и месо (Интербев) верува дека со присвојување на името месо за маркетиншки цели, алтернативите на растителна основа „ги замаглуваат границите и го ослабуваат препознавањето на суровиот, 100% природен производ“.

Во 2020 година, членовите на Европскиот парламент отфрлија закон на истата тема.

Поврзани содржини