Европскиот квиз на пари ќе се одржи на 29 мај преку електронската платформа Kahoot!
Прашањата на Европскиот квиз на пари ќе бидат со понудени одговори од кои само еден е точен, a освен точноста на одговорите ќе се вреднува и брзината на натпреварувачот при одговарањето.
Македонската банкарска асоцијација информира дека како и во другите европски земји, поради пандемијата на ковид-19, националниот натпревар на Европскиот квиз на пари ќе се одржи преку електронската платформа Kahoot!, а секој натпреварувач ќе се натпреварува индивидуално. Прашањата ќе бидат со понудени одговори од кои само еден е точен, a освен точноста на одговорите ќе се вреднува и брзината на натпреварувачот при одговарањето..
Националниот натпревар во нашата земја ќе се одржи на 29 мај, во 12 часот на македонски јазик и во 13 часот на албански јазик.
Право на учество во натпреварот имаат учениците од класовите пријавени од менторите на јавниот повик кој Македонската банкарска асоцијација го објави во јануари годинава, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, со поддршка од Министерството за финансии и од Министерството за образование и наука.
Националниот натпревар на Европскиот квиз на пари во нашата земја се одржува по вторпат, во организација на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност.