Европскиот центар за превенција предупредува: Делта сојот ќе биде доминантен до крајот на август

Европскиот центар, кој наведува дека „делта мутацијата“ е 40 до 60 проценти позаразна од другите, повикува на забрзување на вакцинацијата.

503
„Делта варијантата“ на коронавирусот, која е особено заразна, може да достигне 90 отсто присуство меѓу новите случаи на инфекција во Европската унија (ЕУ) до крајот на август, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести.





– Многу е веројатно дека делта мутацијата на коронавирусот ќе циркулира во текот на летото, особено меѓу младите луѓе кои не се наоѓаат на списокот за вакцинација – изјави директорката на Центарот, Андреа Амон.

Иако „алфа варијантата“ на коронавирус, претходно откриена во Велика Британија, сè уште е доминантна во Европа, европскиот центар предвидува дека „делта сојот“, првично пронајден во Индија, ќе претставува 70 отсто од новите инфекции во ЕУ до почетокот на август, и 90 проценти до крајот на истиот месец.

Европскиот центар, кој наведува дека „делта мутацијата“ е 40 до 60 проценти позаразна од другите, повикува на забрзување на вакцинацијата.

Центарот, исто така, повика на претпазливост при укинување на мерките воведени поради пандемијата на ковид-19.

Поврзани содржини