ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПЛАНИРААТ ДА ИСПРАТАТ СВОИ ТРУПИ ВО УКРАИНА НА БИЛАТЕРАЛНА ОСНОВА!? Словачкиот премиер открива дека „не се прави мировен туку воен план“

Словачкиот премиер Фицо рече дека Словачка нема да испраќа свои трупи во Украина, а може да понуди обука за демонирање. Бугарскиот премиер денеска беше во Киев, а од утре во Тирана почнува самит Украина-Запден Балкан, на кој ќе присуствува и Зеленски.

871

Словачкиот премиер Роберт Фицо по денешната владина седница изјави дека некои земји-членки на ЕУ и на НАТО размислуваат да испратат војници во Украина на билатерална основа.

Тој не наведе никаков извор за своите изјави, нагласувајќи дека не е овластен да навлегува во детали.






Изјавата на Фицо дојде пред состанокот на лидерите на ЕУ во Париз, организиран од францускиот претседател Емануел Макрон, чија цел е зајакнување на западната поддршка за Украина.

Фицо го опиша собирот како „борбен состанок“. Тој изјави дека Словачка нема да испраќа свои војници на територијата на Украина.

– Словачка ќе ѝ понуди на Украина можност да обучува војници на наша територија, поточно единици за деминирање. Тезите на преговорите сведочат за фактот дека работите во Украина одат далеку над очекувањата. Како е можно да имаме воен план, а не мировен план – изјави премиерот на Словачка по состанокот на владата.

Во Париз ќе има разговори за „нов квалитет, нов обем на поддршка за Украина во наредниот период“, рече Фицо и додаде дека сака да ја отвори темата за мировниот план.

Словачкиот премиер откако беше избран минатиот октомври, изнесе низа забелешки кои ги влошија врските меѓу Словачка и соседна Украина.

Преостанатите две коалициски партии, Глас и Словачката национална партија (СНС), се согласија со одлуката да не се испраќаат словачки војници во Украина.

Во меѓувреме, утре во Тирана почнува самит Украина – Југоисточна Европа, на кој ќе присуствува украинскиот претседател Володимир Зеленски. Поради тоа безбедносните мерки во Тирана се подигнати на највисоко ниво.

На Зеленски ова му е прва посета на Тирана, каде ќе пристигне вечерта на 27 февруари, ден пред дводневниот самит, на кој е најавено учество на 13 европски лидери, вклучително и шестмината од Западен Балкан, како и претставник на ЕУ.

Зеленски денеска изјави дека Украина добила Украина доби само 30 отсто од милион артилериски гранати што Европската Унија вети дека ќе ги испорача.

– Од милион гранати што ни ги вети Европската унија, за жал, не дојдоа 50 отсто, туку само 30 отсто – рече Зеленски на прес-конференцијата со бугарскиот премиер Николај Денков во Киев.

Денков, кој денеска го посети Киев, имаше средба со Зеленски и ја потврди поддршката на Бугарија за Украина. Тој истакна дека бугарската влада стои на страната на правдата и ќе продолжи да ја брани независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

– Нашата поддршка за Украина е заштита на самите нас – рече Денков на заедничкиот брифинг со Зеленски.

Според него, „амбициите за руска агресија се директна закана за националната безбедност на Бугарија“.

 

 

Поврзани содржини