Европски суд за човекови права: Задолжителната вакцинација е легална

Пресудата беше донесена по жалбата на неколку чешки семејства до судот поради задолжителната вакцинација на деца.

441

Европскиот суд за човекови права денес донесе пресуда во која се наведува дека задолжителната вакцинација е легална и дека можеби е потребна во демократските општества.

– Во Чешка постои општа законска обврска да се вакцинираат деца против девет познати болести. Родителите кои не ја почитуваат оваа обврска, без добра причина, може да бидат казнети со парична казна, а децата кои не биле вакцинирани не се примени во градинките – се вели во пресудата.






Пресудата беше донесена по жалбата на неколку чешки семејства до судот поради задолжителната вакцинација на деца.

Иако пресудата не се однесува директно на вакцините против вирусот ковид-19, експертите сметаат дека тоа може да има импликации врз таа вакцинација, особено кај луѓето кои досега одбиваа да примат вакцина.

Поврзани содржини