ЕВРОПСКИ ЕКСПЕРТИ ЌЕ ЈА ПРОЦЕНАТ СОСТОЈБАТА НА НАФТОВОДОТ „ДРУЖБА“ Ќе помогнат во обновата на оштетената инфраструктура

Унгарија и Словачка останаа без нафта преку нафтоводот „Дружба“ кон крајот на јануари, откако Киев соопшти дека руски напад ја погодил опремата на нафтоводот во западна Украина и дека ќе биде потребно време за нејзино поправање.

131

Експерти од ЕУ пристигнаа во Украина за да ја проценат состојбата на нафтоводот „Дружба“, објави денеска украинската државна енергетска компанија „Нафтогас“.

Затворањето на гасоводот во јануари предизвика спор со Унгарија, која го блокира големиот заем од ЕУ за Украина во износ од 90 милијарди евра.






Брисел минатата недела предложи да се испраќати мисија за инспекција на гасоводот. Киев ја прифати понудата на ЕУ за обезбедување техничка помош и за финансирање на обновувањето на протокот на нафта низ оштетениот нафтовод.

Унгарија и Словачка останаа без нафта преку нафтоводот „Дружба“ кон крајот на јануари, откако Киев соопшти дека руски напад ја погодил опремата на нафтоводот во западна Украина и дека ќе биде потребно време за нејзино поправање.

„Нафтогас ја цени понудата на ЕУ за финансиска и техничка помош за обновување на инфраструктурата на пумпната станица Броди“, објави извршниот директор на „Нафтогас“, Серхиј Коретски доцна синоќа.

Коретски рече дека работата на „техничката работна група“ треба да им помогне на „Нафтогас“ и нејзината подружница „Укртранснафт“ да го обноват цевководот „во согласност со највисоките европски инженерски и безбедносни стандарди и да спречат понатамошни терористички напади“.

Тој не кажа дали групата експерти планира да го посети оштетениот цевковод.

ШТОМ НЕМА НАФТА ВО „ДРУЖБА“ НЕМА НИ ПАРИ ЗА УКРАИНА Унгарија и Словачка го блокираат заемот од 90 милијарди евра за Киев

Поврзани содржини